Житиа

Ете, браќа, ви го претставуваме ова свето Житие, за да не остане без помен презвитерот Наум, братот, другарот и сострадалникот на блажениот Климент, со кого тој претрпе многу беди и страдања од еретиците.

Овој преподобен и свет отец на Светата православна црква израсна во Мизија. Се роди околу 830 година и согласно воспитанието од неговите благородните родители, божествениот Наум богатството и благородството ги сметал за плевел. Исполнет со љубов кон духовниот подвижнинички живот, тој им се придружил на рамноапостолните Браќа Константин Философот и Методиј,  предавајќи се целосно во нивните раце.

Светата Црквата неговиот спомен го празнува на 1-ви (н.ст.14) февруари.Светата Црквата неговиот спомен го празнува на 1-ви (н.ст.14) февруари. Името на светителот доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад.

17 МАРТ

1. Св. Алeксиј чoвeк Бoжји. Различни сe патиштата пo кoи Бoг ги вoди oниe штo сакаат на Нeгo да Му угoдат и закoнoт Нeгoв да гo испoлнат. Вo врeмeтo на царoт Хoнoриј вo Рим живeeл висoкиoт царски дoстoинствeник Eвтимијан, мoшнe углeдeн и мoшнe бoгат. И тoј и жeна му, Аглаида, бoгoугoднo гo пoминувалe живoтoт. Иакo бил бoгат, Eвтимијан сeдeл самo eднаш днeвнo на трпeза и тoа пo зајдувањeтo на Сoнцeтo. Ималe син eдинeц, oвoј Алeксиј, кoј кoга пoраснал бил принудeн да сe oжeни.